И Васко Кичевски се приклучи кон критиките од членовите на СДСМ до сопартијците-пратеници, за нивниот вчерашен молк за време на конститутивната седница на Собранието.
Замислете пратеник на најголема опозициона партија кој сака да стане претседател на таа партија, а нема храброст да стане да зборува на ден на конституирање на собрание. Дечки ај по дома доста беше!, вели Кичевски.
Дека ниеден од пратениците на СДСМ не се јави за збор, прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ за нивното однесување.
Критики упати и Стефан Богоев, чие име се споменува меѓу можните кандидати за претседател на партијата, која бира нов лидер на 30 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.