Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска Давкова, во претседателската дебата истакна дека тие немаат проблем толку голем со Бугарија и нејзиното вето, туку со сегашната власт.
Читате ли вие, поради „Фридом Хаус“, поради сите извештаи, поради отсуство на владеење на право, поради отсуство на правна држава, корупција и криминал, зависно судство на чело со двајца ваши членови во Советот. Знаете ли дека Судскиот совет е прогласен за фактор на зависност и политизација, не ги предложив јас претседателе, вие ги предложивте. Вие сте директен учесник во ова“, вели Давкова.
Таа додаде дека Пендаровски е првиот претседател кој го прекршил Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.