Дали Снежана Калевска Ванчева ја злоупотребила функцијата за да нејзиното адвокатско друштво земе 55.000 евра тендери? Во период од 3 и пол години адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, каде сопственици се Снежана Калевска Ванчева од СДСМ и извесна Виолета Василева преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра, преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ. Па оттука прашуваме дали таа ја користела позицијата за нејзиното адвокатско друштво да добива тендери? ДКСК треба да отвори случај во најкраток можен рок, и да утврди дали и како се кршел законот?! Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, велат од партијата.

Од таму прашуваат што е причината поради кое токму адвокатското друштво на Качевска Ванчева се јавува како адвокатско друштво ангажирано од споменатите институции?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.