На почеток од нашиот одговор за интервјуто на Ковачевски добро е да и се објасни на јавноста како е реализирано интервјуто за МИА со Димитар Ковачевски којшто најави дека од 3 август е на одмор во странство во до сега необјавена држава и локација? Дали е однапред направено или истото е направено од плажа, или е напишано на друг начин, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што е суштинско и што недостасува во ламентирањето на Ковачевски во интервјуто е зошто беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општествен и политички консензус пред да прифати преговарачка рамка со ЕУ со која Бугарија ќе има можност и ќе ја искористи таа можноста да ја блокира Македонија секогаш кога нема да бидат исполнети иредентистичките, антимакедонски диктати од Софија?
Над 80 проценти од граѓаните, јавноста и експертите се против промена на Устав под бугарски диктат.
Ковачевски само за ден повеќе на власт и одржување на коалиција со ДУИ ја доведе Македонија во подредена положба и ја загрози нејзината европска интеграција, уште повеќе нејзината вековна јазична, културна и историска посебност.
Но тоа се прашања за коишто ќе мора да одговори кога ќе се врати од луксузното одморалиште далеку од очите на јавноста, кога ќе се соочи со неизбежноста од одржување предвремени парламентарни избори.
Консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен, единствено можен е консензус за избори-вели ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.