На денот кога во јавност излегува случајот со новороденото од Прилеп, директорката на прилепската болница, Кети Смилеска на социјалните мрежи организира партиска трибина што говори за грижата за аномалиите во болницата.

Иако Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за состојбата на болницата, надлежните молчат.

Прашуваме:

Дали е точно дека новороденчето што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор?

Како се организирани дежурствата во болницата?

Дали е точно дека еден педијатар дежура на две одделенија?

Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и хурургија?

Дали е точно дека со дозвола на директорката педијатри дежураат во Битола и имаат и по 15 и повеќе дежурства месечно?

Од новите распишани супспецијализации нема ниту една за неонатологија или перинатологија.

Повторно прашуваме зошто нема корективни мерки од стручните надзори во болницата во Прилеп и Битола?

Кои мерки ги презема Министерството за здравство и Комитетот за безбедно мајчинство и зошто воопшто не реагираат за аномалиите во овој сегмент?

Зошто ништо не се презема за лошата инфраструктура и условите за третман на пациентите?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.