Доктор Андон Чибишев се јави со став околу настанот кој од вчера предизвика бурни реакции во јавноста, а тоа е упадот во објектот на контролата за летање.

До каде ја дотеравте државата непрокопсани, со лигавење и со ползење. Никој не ве есапи, ниту ви се плаши. Затоа и бандити, уличари и хулигани си дозволуваат кога ќе им кефне да упаѓаат во институција од висок државен и безбедносен интерес и да ги тепаат вработените кои се одговорни за безбедноста на десетици авиони полни со патници кои ја прелетуваат Македонија.

Сега, се знае, ќе испадне дека вработените сами се тепале, а овие што упаднале биле државни инспектори, вели Чибишев во својата фејсбук објава.

Јавноста е револтирана од овој настан и очекува разрешница околу случајот уште денеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.