Доктор Жаклина Шопова на Фејсбук коментира дека вработените во здравство не ги добија своите лични доходи …а беа херои,
Таа нагласува дека на болните не им се исплатуваат боледувања како и на тие што се на породилно, ниту пак има  рефундирање на средствата потрошени за лекови !

Синдикатот кој треба да ги штити работниците, во овој момент дава само совети да се поднесат тужби, поединечни или колективни преку Синдикатот!…
Ако причината е хакиран систем на ФЗО, каде се наоѓаат личните податоци на сите граѓани кои користат здравствени услуги, на сите вработени во здравствен сектор, има ли некој да го даде одговорот што се превзема и кога ќе се реши проблемот!?

Покрај сите досегашни недостатоци во здравството со оваа Влада , се наметнуваат и повторуваат многу прашања, нагласува докторката.

Дали ова е начинот да го спречиме одливот на медицинскиот персонал!?
Дали на болните им помагаме да се изборат со болеста без и така намалените л.доходи заради боледувањето!?
Дали на овој начин ќе го зголемиме нискиот наталитет!?
..

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.