Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека е забележано зголемување на бројот на заразени со ковид-19 на школските деца, односно на учецните од 6 до 14 години.
Се забележува намалување, подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба а за тоа особено не потсетува возрасна група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на број на нови случаи и тоа се школските деца кои ја следат наставата со физичко присуство. Во моментов нема простор за загриженост. Состојбата се следи и ние како Комисија апелираме дословно да се следат актуелните протоколи за следење на наставата со физичко приуство, рече д-р Петличковски, кој апелираше до учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето.
За таа цел, се отвораат неколку дополнителни пунктови за тестирање.
Во Скопје, од денеска, се отвораат пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар активни за закажување на термини и на овие пунктови може да се закажуваат тестирања за ковид преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање на пунктови кои беа активни во пандемијата и низ државата, рече д-р Петличковски.
Сепак, тој појасни дека зголемувањето од минатата недела, иако е 40 проценти тоа значи дека ако мината недела биле 200, сега се 320, што се 120 деца повеќе, а имаме повеќе од 1.000 училишта.
Смета дека учебната година треба да продолжи со физичко присуство на учениците, а да се следат протоколите кое дете треба да оди во изолација или ако има потреба цело одделение да се прати дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.