Активистите на Црвената младина, кои денеска беа во Благоевград на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, го отстранија и го фрлија навредливиот транспарент „Македонија е бугарска“ поставен од луѓето на европратеникот Ангел Џамбаски за, како што рече тој, пречек на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Остро го осудуваме ваквиот чин кој воопшто не доликува на земја членка на ЕУ која треба наводно да гаи европски а не фашистички вредности, и порачуваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме нашите асномски идеали и нема да дозволиме омаловажување и релативизирање на истите.
Да живее Македонија!
Да живее АСНОМ!, велат од Црвената младина.
Претходно Мицкоски побара осуда од официјална Софија и европските институции за однесувањето на европратеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.