Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) и денеска за време на паузата четврти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на агенцијата. Ги повторија своите барања, од кои најитно е зголемување на платите за 30 отсто.

Просечната плата во МИА, како што велат вработените, е далеку од просечната плата во државата, а таа во моментов изнесува 36.465 денари.

Од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) информираа дека безрезервно од самиот почеток ги поддржуваат барањата на вработените во МИА и нагласуваат дека тие се легитимни.

-Со оглед на најавата за седница на Владата денеска, и ветувањето дека ова барање може позитивно да се реши, чиниме дека е идеално време за затворање на ова прашање, наведуваат од ССНМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.