Денес го славиме основањето на Македонската револуционерна организација, првиот чекор до македонска држава. Денешниот 23 Oктомври го симболизира почетокот, но и континуитетот на македонската борба за независност.

Бележиме 130 години од храбрата и умна одлука на шестмината основоположници, македонски револуционери кои ги поставиле основите на симболот и знамето на борбите на Македонците за слобода.

Македонските социјалисти имаат своја историска улога и се составен дел од сите случувања, одлуки, сè до остварување на целите.
Ние со гордост го нагласуваме нашето минато и поврзаност со македонскиот народ, за разлика од политичките субјекти од власта кои, неразбирајќи го значењето на денешниот ден и срамејќи се од македонската историја, со премолчување и нечествување го понижуваат и овој македонски празник, повторно газејќи врз достоинството на македонскиот народ.

Секој го избира патот по кој ќе оди, нашиот пат од пред 130 години е единствен и заеднички со патот на македонскиот народ.

Нека ни е честит денот на Македонската револуционерна борба!
Вечна да е Организацијата!
Да живее слободна Македонија!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.