Претседателот на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија Никола Бабовски им го честита Националниот ден на Власите. Во честитката Бабовски се осврнува на загрозувањето на влакиот јазик, кој има се помалку живи активни говорители.

23 мај е нашиот Национален празник, денот кога секој од нас се чуствува горд на своето потекло, горд и на нашето славно минато, на великаните кои Власите му ги подарија на човештвото, но и на нашите предци, нашите дедовци, оние обични луѓе кои беа домаќини и вредни луѓе, на нашите баби кои носеа крст на чело, но и на оние кои со модерни шапки се шетаа по чаршиите на балканските касаби. Сите тие што и да работеа, што и да носеа, во своите семејства го зборуваа влашкиот јазик, ја пренесуваа традицијата на Власите на своите поколенија.

За нив беше грев да престанат да го зборуваат јазикот на своите предци. Сетете се на нив, на убавите зборови со кои ве милуваа, со кои ве фалеа кога бевте послушни и прекоруваа кога бевте непослушни. Помислете што би ви рекле сега кога би виделе дека го оставивте мајчиниот влашки јазик. Почитувани, чувајте го јазикот, културата и традицијата како што ги чувате спомените за вашите предци, како нешто најскапоцено што ви го оставиле во наследство. Честит празник, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите!

Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor, стои во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.