Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа.

Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави.

Јас да ве потсетам дека во 2018 година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој.

-До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски.

Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста.

Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците.

-Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.