Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите во ДУИ, митингот на ДУИ во Чаир, преговорите меѓу Белград и Приштина, како и за надворешната политика на Македонија.
Тој вели и дека не е чесно кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети ова што му го прават од таканаречената „Огнена група“.
„Ахмети е историска личност. Ахмети 20 години работи за интересите на државата. Он е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата. Видете Али Ахмети работеше за Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ахмети и во Охрид беше во целосна комуникација со меѓународниот фактор за да се најде компромис меѓу Косово и Србија, со цел да имаме стабилен регион, а ова е посебно битно сега кога не далеку од тука има војна. Затоа сметам дека не е чесно кон него ова што го прават неговите пријатели од „Огнените“, кога Ахмети се залага за решавање на стратешки политики, тие го „замараат“ со минорни работи, вели Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.