Бугарија усвои четири услови за влез на Македонија во Унијата- ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Македонија преку нивното вклучување во Уставот како државотворен народ, дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети. Денеска Народното собрание на Бугарија, по повеќе пати прегласување, со 170 гласа „за“, 37 „против“ и 21 воздржани го одобри францускиот предлог за Македонија.

Ова решение го подржаа пратениците од „Промената продолжува“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ). „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ воздржани.

Пратениците дебатираа неколку часа за предлогот на француското претседателство за преговарачка рамка на ЕУ за Македонија и Албанијa, при што противниците на идејата за кревање на ветото „Преродба“ и „Има таков народ“ ги повторија тезите за национално единство.

БСП побара да се одложи одлуката додека внимателно не се разгледаат сите детали од документот. Тие сметаа дека е потребно да поминат недели и месеци пред да се донесе одлука и дека е подобро да се почека или да се стабилизира политичката ситуација во земјата, или да се избере нов парламент којшто би би имал легитимитет да одлучува за ова прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.