Ковачевски, Маричиќ и Османи прописно се посрамотија за овој Илинден. Го чествуваа без да споменат дека е македонски и го злоупотребија да го убедуваат народот за уставните измени, иако над 80% од граѓаните се против уставни измени под бугарски диктат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да ја трошат енергијата да го понижуваат својот народ, требаше да реагираат на пораките кои доаѓаат од Софија на овој голем ден кој се целосно негаторски за Македонија и нејзината државност. Зошто Ковачевски, Маричиќ и Османи премолчеа на чествувањето на Илинден во Софија од каде највисоките државници го оквалификуваа како бугарско. Да биде скандалот поголем, премиерот Денков го извитопери идеалот на Илинденското востание и го прикажа како востание чија крајна цел било присоединување на Македонија кон Бугарија..

 

Ковачевски, зарем мачка ти го изеде јазикот? Каде е твојата реакција на негаторските пораки од Софија или не смееше да им писнеш?-прашува опозицијата.

Присовојувањето на Илинден од страна на Бугарија се виде и со официјалниот настан организиран од претседателот Радев а прококациите од страна на бугарските навивачи се видоа и на мечот Левски-Шкупи каде истакнаа транспарент дека за нив „Илинден е како Велигден.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.