Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија. Тој кажа која е процедурата, но доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.

Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.

Целата изјава низ видео:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.