Освен за Косово и Грција, мерките за патување на граѓаните на Македонија ги олесни и Бугарија. Не ви треба негативен ПЦР тест за да патувате во Бугарија, како што беше досега. Вакцината или потврдата за прележан од Ковид, остануваат во сила.
Во однос на Србија, МНР соопштува дека нема ограничувања за влез на македонски државјани. Ограничувања има само доколку наши државјани влегуваат во Србија од други земји во светот за кои Србија има различни ограничувања.
Неодамна, протоколите за Ковид за нашите граѓани се променети од неколку европски земји. Норвешка ги отстрани ограничувањата за влез за нашите граѓани, но сепак продолжува да бара пополнување на формуларот за регистрација пред да се влезе во Норвешка, како и задолжително поднесување негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влезот во Норвешка, доколку лицето е постаро од 18 години години и нема валиден сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19.
Ирска ги олесни мерките за граѓаните на нашата земја. На патниците кои заминуваат за Ирска со потврда за вакцинација или доказ дека ја прележале болеста пред 6 месеци, не им треба негативен тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.