ивниот Устав не признавал колективни права, индивидуални – добро, во ред, еве немаат намера ради нас да менуваат, еве фуснотата да ја тргнеме, или некоја од овие пресудите да се имплементира, или барем да се извинат за седум илјади и двесте Евреи како според нив што велат „администратори”, во Втората светска војна ги пратија во Треблинка. Вили Брант знаете ли како се извини? Има начин како да се извинат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата ,,Само интервју” која се емитува на Канал 5 телевизија.

На прашањето ако дојде тоа прашање во Собрание, односно ако власта го покрене да се внесат Бугарите во уставот, како ќе се постави ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека тие не ги менуваат ставовите по потреба и дека ако нема реципроцитет, писмени гаранции дека тоа е последното нешто за тргање на ветото и дека во иднина нема да има глупави блокади за повторно да нѐ убедуваат дека сме биле Бугари до 1944-та. Во животот има давање и земање, а не само земање. Но, суштината е, како што кажа Мицкоски, дека континуирано оваа влада на СДСМ ги рушела позициите во преговорите во меѓународната политика.

Не треба воопшто да ветуваат, еве една работа нека се случи – фуснотата нека ја тргнат од јазикот, не треба повеќе и ние ќе речеме браво, има промени во позициите, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.