Обвинетиот Кирил Божиновски во завршните зборови на случајот Талир 2 се осврна на фактот дека обвинението е поднесено надвор од законскиот рок како и тоа дека се користеа докази од нелегално набавените преслушувани разговори по 30.6 2017 година.
По овој рок овие разговори може да бидат само индиции но не и докази врз кој ќе се темели обвиненението, рече Божиновски.
Тој го објасни начинот на фунционирање на партијата според кој еднинствено одговорно лице е партијата и може да оспори одлука на париските тела додека Генералниот секретар нема такви овластувања.
Досега не беше презентиран нуту еден доказ дека јас сум договарал нешто околу градбата. Такво нешто не посочи ниту сопственикот на Бетон нуту пак од сведоците, објасни Божиновски.
Тој раскажа еден од разговорите со Миле Јанакиески во кој поранешниот министер го прашува дали има однапред преферирана компанија или веќе избрана на што Божиновски одговара дека нема такво нешто.
Затоа повторувам дека нема ниту еден изведен вербален доказ против мене вклучително и нелагалните преслушувани материјали, посочи Божиновски.
Божиновски објасни дека постапувал по партиски одлуки и оти имал овластување да ги потпишува договорите.
Немав никаква можност да не ја спроведам одлуката на највисоките партиски тела, објасни Божиновски.
Тој објасни дека партијата има неприкосновено право да располага со својот имот и нема ништо спорно што е склучен договор за соинвеститорство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.