Не ја повторувајте нашата грешка, туку веднаш решете ги најтешките прашања во бугарско-македонските односи, ваков совет му дал лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов на премиерот Димитар Ковачевски, објави БГНЕС.

Средбата меѓу Борисов и Ковачевски се одржала во седиштето на партијата ГЕРБ. На неа учествувале двајцата поранешни министри за надворешни работи, Екатерина Захариева и Даниел Митов, како и поранешниот вицепремиер Томислав Дончев.

Борисов истакнал дека целиот демократски западен свет го поздравил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија во август 2017.

Не ја одложувајте клучната тема за крај. Тоа беше наша грешка. Мора веднаш да се решат важни прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата. Фати го бикот за рогови. Решете ги веднаш, му кажал Борисов на Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.