Бојан Јовановски во подкастот кај Стефан Лазаров проговори и за т.н големи имиња новинарски кои беа дел од 1тв за кои тој мислел дека знаат што е телевизија и кои земале повеќе од 2000 евра плата.
Јовановски вели дека новинарските имиња кои требало да ѝ донесат интелектуална тежина на телевизијата, кои тој лично ги поканил да бидат дел од тимот на неговата телевизија, додека седеле со него на маса, зад грб му ковале заговор.
Имале нечесна намера, телевизијата ја гледале како бунар од кој треба да се напијат. Најразочаран сум од многу нив. Кога тргна да се вари целата чорба околу мене, сите од уреднициве знаеја дека мене нешто ми се спрема. Имавме колегиум. Сашо Ордановски е човек кој работел за некакви си служби кои пренесувале некакви информации од таа телевизија. За Борјан Јовановски и несакам да коментирам, тој беше апсолутно несериозен лик. Имавме фејсбук група во која бевме јас и уредниците Јовановски, Ордановски, Кочишки, Дувњак, Чомовски, Кабранов и Костова. Кога излегов од затвор и кога ја уклучив таа група, кога видов што се допишувале, зашто не знаеле дека треба да ги избришат пораките зашто некогаш ќе се вклучам на тој профил, додека седам јас во четири ѕида, ми стана одварно што ги познавам. Од оваа клапа ќе ги издвојам само Гордана Дувњак и Јадранка Костова, во позитивна смисла. Кон Кочишки немам зла крв, иако не е фер, вели Јовановски.
Во групата се договарале кога кафе да пијат, но и се шегувале на сметка на апсењето на Јовановски.
Сашо Ордановски го работеше Македонски инсајдер. Знаеше многу работи. Меѓу другото, Сашо Ордановски е човекот кој заедно со мене имаше тајни средби со Сашо Мијалков. На тие средби Ордановски беше со мене зашто преговараше за некако гостување на Мијалков. Потоа се среќаваа и сами. да не ги заборавиме контактите на Ордановски со разни позиционирани лица. Подоцна беше човек кој ги бранеше тезите на обвинителството на Русковска, вели Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.