По првичните резултати од првиот круг на претседателските избори според кои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со над 150.000 гласови води пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, се огласи и Бојан Јовановски кој порача:
За секта, секташки резултат!!!! АЈ ПРИЈАТНО, БАЈ БАЈ БЕЈБИ БАЈ!!!
Јовановски во подкастот „Лазаров“, во која откри многу скандали поврзани со функционерите на СДСМ, прват ја нарече таа партија секта. Рече дека е историска грешка во која тој учествувал како симпатизер на Шарената револуција.
Никола Груевски забега во тој период кога се случуваше Шарената револуција, но потоа Зоран Заев забега по 100. Јас сум бил отсекогаш симпатизер на СДСМ, но СДСМ нема идеологија. Тоа е една секта која се убива меѓу себе и нема да постои по изборите како партија, вели Јовановски.
Тој тврди дека СДСМ во тој период имала многу полза од него и неговите врски во естрадниот свет.
Во моментот кога Заев го доби мандатот од Иванов, се официјализира Меѓународен сојуз, а јас станав претседател на таа организација. Имавме супер визија, но за жал и таму ме извозија, ме изманипулираа. Дозволив и огорчен сум, вели Боки 13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.