Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, објави „Скопје1“. Причината е лошата здравствена состојба во која се наоѓа, за која Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники, но и повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.Информацијата ја потврдува и адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Боки 13. Тој посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, таа е праведна.

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ за „Скопје1“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.