Правниот тим на Бојан Јовановски познат како Боки 13 испрати писмо до повеќе медиуми во кое се најавува објавување на мега-скандал поврзан со кривичниот суд.

Во кусото соопштение се вели дека се работи за фалсификат за кој постои комплетна документација и докази!

Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекари Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази, се вели во соопштението од правниот тим на Бојан Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.