Кога ќе се споредат бројките на граѓани кои гласаа за парламентарните и претседателските избори се наоѓа бројот на оние кои ги бојкотираа изборите за шеф на државата. На парламентарните избори гласаа 997 596 а на претседателските избори, пак, гласаа 859 951 избирачи.
Бојкотирале 137 645 гласачи. Најголем број на овие гласови што ги има на парламентарните а ги нема на претседатеслките се во средини со албанско население, претежно со поддржувачи на ДУИ. Негативата оди на контото на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, кој после првиот круг сметаше на поддршката од владиниот коалиционен партнер ДУИ. Но, се чини, ДУИ го пуштија Пендаровски низ вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.