Поранешниот премиер и актуелен претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов ги повика македонските власти да ги изведат пред правдата лицата кои го претепаа секретарот на охридскиот бугарски културен клуб „Цар Борис трети“, Христијан Пендиков.

Според Борисов, ваквите настани ги поткопуваат огромните напори на Бугарија кои ги направиле за да ги придвижат Македонија и Албанија кон членство во Европската Унија.

Сега има кривично дело, пукање, тепање, скршена му е вилицата, тоа е средно тешка повреда. Се додека не ги најдат виновниците и не ги изведат пред лицето на правдата, ние ќе се залагаме тоа да се случи, вели Борисов.

Тој вели и дека во овој случај гледа обид за намерно враќање на Македонија под руско влијание и дека на тоа сценарио се работи многу активно.

Во никој случај не треба да бидете заведени. Најдоброто нешто за Бугарија е Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО, вели Бојко Борисов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.