Заврши операцијата на Бојан Јовановски која траеше четири часа, потврди за „Република“ неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој објаснува дека се работело за сериозен зафат за кој ќе треба подолга рехабилитација.
На Бојан му се остранети сите предканцерогени ткива и голем дел од желудникот. Операцијата заврши успешно и сега тој е на интензивна нега-потврди Дуковски за „Република“.
Поради неговата лоша здравствена состојба неговиот правен тим бараше прекин на затворската казна но барањето беше одбиено.
Јовановски од затвор го најави и случајот „Бумеранг“ со околу еден милион „бомби“, разговори и смс пораки заза актуелни политичари, судии,обвинители и функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.