Самитот на ОБСЕ ќе биде можност за средба на највисоките челници на САД и Русија.Како што најави министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје ќе допатува американскиот Државен секретар Ентони Блинкен како и шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров.

Иако сите соседни земји го имаат затворено воздушниот простор за прелет на руски политичари ќе се изнајде начин Лавров сепак да дојде во Македонија.

Ние и нашите соседи ќе треба да ја донесеме конечната одлука дали ќе биде дозволен прелет на воздушниот простор за да може руската делегација да биде присутна“, појасни Османи.

Пристуството на руски и американски државници во Македонија доаѓа во период на две војни во светот, украинската и онаа во Газа.

Блинкен за прв пат ќе дојде во Македонија додека Лавров беше во Охрид во 2011 година кога преговараше Македонија да биде дел од рускиот тек.

Блинкен е трет Државен секретар кој ќе дојде во Македонија по Колин Пауер и Мајк Помпео.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.