Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Битола оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски и тамошната бизнис-заедница. Порача дека Битола има неколку проекти кои што се од огромно би рекол и државно значање и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има приоритет во реализација на тие проекти за општина Битола.
Задоволство е секогаш да се биде овде во Битола, да зборуваме за развојот на Битола и за иднината на битолчани да останат овде во Битола да не ја напуштаат Битола, впрочем иднината на Македонија и граѓаните на Македонија да останат тука да не ја напуштаат Македонија.
Свесни сме дека живееме во време кога за жал имаме една влада на ДУИ поддржана од СДС која што секојдневно се труди да го понижи граѓанинот, да ја понижи државата и свесни сме дека разочарувањето кај нашите сограѓани е огромно, не само кај Македонците, тука зборувам и кај Албанци, и кај Турците, и кај Власите, и кај Србите, кај Ромите, кај Бошњаците буквално денеска додека ние ја даваме оваа изјава веќе некое семејство за жал ја напушта Македонија, и тоа е жално, трагично. Денешната средба како што кажа градоначалникот ќе биде со луѓето од бизнис заедницата, со луѓето кои што создаваат, се борат за да можат да обезбедат плата, да може таа плата да биде достоинствена и да може да обезбеди пристоен живот на семејствата овдека во Битола. Со нас ќе бидат и пратениците односно пратеничките од Битола тука, ќе биде претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, голем дел од луѓето од администрацијата во општината ќе бидат тука. Сакаме да покажеме дека тука сме во прво лице да ги слушнеме проблемите и тука сме да можеме да ги решаваме тие проблеми. Се сеќавате јас најавив дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера годишно да завршат околу 250 милиони евра или 15 милијарди денари капитални инвестиции за потребите на општините. Битола има неколку проекти кои што се од огромно би рекол и државно значање и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има приоритет во реализација на тие проекти за општина Битола, меѓу кои што е техничкото односно идејното решение за спортската сала е поминато односно е избрано кој ќе биде. Но и не само тоа, има и многу други проекти во делот на инфраструктурата, но и оние би рекол проекти кои што ќе донесат основни услови за живот како што се да речеме, за деловите кои што сеуште за жал немаат своја канализација, вода питка и техничка за пиење, асфалт кој што и до ден денеска газат кал. Така што имаме навистина еден амбициозен проект кој што повеќе од 1 милијарда евра ќе бидат пари кој што директно од капитални инвестиции од буџетот ќе завршат за општините, а секако Битола е еден од клучните приоритети затоа што Битола и битолчани тоа го заслужуваат, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.