Директорите на државните институции кои не плаќале сметки за струја ќе бидат повикани на одговорност, потврди денеска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Имаше состанок вчера, ќе има и денеска состанок на Енергетскиот совет во Владата, после седницата на Владата. Тоа што го кажаа премиерот и министерот, ќе го повторам и јас – ќе се повикаат на одговорност сите што се однесувале неодговорно – рече Битиќи во одговор на прашање пред почетокот на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Прашан дали државата ќе има пари да ги покрие долговите за сите, тој рече дека меѓу останатите приоритети може да се најде и подмирувањето на долговите.
Ќе видиме затоа што е крај на година и секако дека има приоритети. Приоритет е зачувување на ликвидноста на приватниот сектор, зачувување на секое работно место, грижа за сите најранливи категории на граѓани. Обезбедување на електрична енергија и подмирување на долговите можно е да е една од опциите онолку колку што дозволува Буџетот – рече Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.