Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новата амбасадорка на Сојузна Република Германија, г-ѓа Петра Дрекслер.

Вицепремиерот Битиќи и посака добредојде на новата амбасадорка посакувајќи и успех во работата и продолжување на плодната соработка особено од фактот што повеќе од 200 компании со германски капитал работат во Македонија, кои вработуваат околу 20.000 луѓе што ги прави германиските инвеститори да бидат многу значајни за нашата економија.

Имено  Германија е наш најголем трговски партнер, со ниво на трговска размена од над 5 милијади евра на стоки и услуги.

Амбасадорката Дрекслер од нејзина страна посочи дека се радува на можноста преку нејзиниот ангажман да влијае на продлабочување на економската соработка, но и на соработката во сите области кои се од взаемен интерес на Германија и Македонија, со посебен акцент во енергетиката, инфраструктурата и инвестициите во преработувачкиот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.