Поранешниот пратеник, Сафет Бишевац, во емисијата „Само вистина“ изјави дека работа на најголемата опозициска партија е да ја одреди тактиката и стратегијата за да како најдобро да и се спротивстави на власта.

Звучи грубо, но во суштина бојкотот беше и е оружје на опозицијата и тоа доаѓа кога немате друг избор, за да дојдете до посакуваната промена. Легитимно е како чекор. Потребни се парламентарни избори – вели Бишевац.

Според него, блокадата на Собранието нема суштински да смени многу, затоа што последниот состав на Собранието го гледа како најобична гласачка машинерија.

Не сакам да бидам груб, но пратениците се сведени на апсолутни послушници, кои ги извршуваат желбите на извршната власт – истакна Бишевац во „Само вистина“ за најавите за најавената институционална блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.