Испитувањата покажуваат дека добар дел од одговорните луѓе во државата се неписмени за работите што ги вршат, па оттука оваа состојба е сосема очекувана, вели поранешниот пратеник Сафет Бишевац во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
Неприродно е во стручни комисии да се пикаат политички и партиски функционери. Нивна намера е личниот интерес. Ништо повеќе. Видете ги ДУИ. Тие се тепаат кој да биде шеф на кабинет на Али Ахмети. За мене е неспоиво еден човек да биде вицепремиер во Владата и шеф на кабинет на лидер на политичка држава, вели Бишевац.
Бишевац вели дека има сила и дека мора да се спротивставиме на појави како кога министер ќе му каже на премиерот дека тој е министер на ДУИ и одговара пред Ахмети. Таков министер не смее да биде министер и тој кој ќе го сосече тоа ќе ги добие изборите.
Зошто го буткаат обвинителот Љубомир Јовески за уставен судија? Затоа што очигледно дека тој знае многу за Заев и неговите луѓе и треба да биде сместен во Уставниот суд како заштита, вели Бишевац.
Во врска со бугарските клубови, Бишевац вели дека одговорноста е кај власта затоа што власта има механизми да спречи дејствија кои се против државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.