Целта на уставните измени е обезбедување на подобра иднина, оцени пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ на денешната расправа на Комисијата за уставни прашања.

-Потребата за уставните измени неслучајно е главна тема на политичкиот и општествениот живот. Оваа тема стана почетна тема на секоја политичка, економска или културна дебата, бидејќи влијае на сите области и врз секој човек без разлика на неговата нација, јазик, култура, политичка припадност, социјален статус, рече Билали Зендели.

Според неа, во државава успешно се одржува мултиетничка, мултикултурна и мултиверска демократија и затоа, како што рече, вметнувањето и признавањето на шест нови народи ќе ја зголеми вредноста на Македонија.

-Минатата година гласавме за Преговарачка рамка, а потоа се одржа и Првата меѓувладина седница меѓу Македонија и Албанија од една страна и ЕУ од другата страна. И овој пат нашата судбина во оваа комплицирана состојба не наведе да надминеме уште една пречка за гласање на уставните измени со вметнување на шест други народи во Преамбулата на Уставот и два други члена, изјави таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.