Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија.
Тие додаваат: Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ.
Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување.
А за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?
Тешка манипулација е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.