Без вода утрово од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и објектите на Основен суд I – Скопје и Основен Кривичен суд – Скопје.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ.
Поради технички причини при санацијата на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Основен суд I – Скопје и Основен Кривичен суд – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.