Без резултат заврши четвртиот состанок на експертските групи на министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија. Разговорите се фокусирале на таканаречениот пакет политички прашања, објави „БНР“.

Од бугарското Министерство за надворешни работи соопштија дека дијалогот бил конструктивен и во отворена атмосфера.

Се разговараше за најновите предлози на Македонија, испратени минатата година како одговор на пакетот барања од бугарската страна, презентирани на претходната трета рунда експертски консултации одржани во септември 2021 година во Скопјe, објавија од тамошното МНР.

Денешната средба беше договорена меѓу министрите за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи на заедничката средба меѓу владите на двете земји на 25 јануари годинава.

Следната рунда експертски разговори која се очекува да се одржи наскоро, ќе се одржи во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.