На скандалите им нема крај, а за тоа се грижи најкорумпираниот премиер во Европа, Димитар Ковачевски, обвинуваат од БЕСА.

Според истражувањето на IRL, премиерот потрошил 26.000 евра за спонзорирање на неговата страница на Фејсбук за само 100 дена. Имајќи ја во предвид длабоката економска криза, Ковачевски се грижи со своите објави на социјалната мрежа Фејсбук да ги мами граѓаните и тоа со нивни пари.

Според ова истражување на IRL, премиерот немал јавен профил на социјалната мрежа Фејсбук до јануари 2022 година. Очигледно, за да го зголеми бројот на следбеници и да се чувствува себеси како премиер, тој го плаќа Фејсбук со пари на граѓаните. Во време кога земјава ја доживува најдлабоката економска криза, каде цените на основните производи достигнуваат огромни бројки, премиерот се грижи за социјалната мрежа. Потсетуваме дека цените на основните производи не се намалени, а струјата и понатаму е многу скапа. Овие постапки уште еднаш покажуваат дека премиерот и владата воопшто не се грижат за граѓаните и интеграцијата, туку се занимаваат со пропаганда и самопромоција.

Движењето БЕСА го повикува премиерот, заради транспарентност пред граѓаните, да даде отчет од каде ги добил средствата за спонзорирање на неговата страница. Според пресметката, бројот на сегашни следбеници на премиерот е 41.000. Од 26.000 евра излегува дека премиерот за само 100 дена платил 60 центи за лајк за неговата страница.

Ковачевски инфлуенсер или милионер?, се вели во соопштението на партијата Движење БЕСА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.