Движењето Беса ќе го одржи вториот конгрес на 5 март годинава, одлучи на денешната седница Централното собрание на партијата. Избрана е и комисијата за организирање на конгресот во состав од Абдуш Демири, Аднан Азизи и Арјанит Хоџа.

На Централното собрание се расправало за извештајот на Централниот штаб за Локалните избори 2021 година, на кој, како што наведуваат, Движењето Беса како политички субјект успеа да победи во две општини и да собере околу 26.000 гласови, со што ги исполни целите поставени од Изборниот штаб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.