Беса ќе гласа за уставните измени, но бара прво да се отстрани терминот „20%“ од Уставот на Македонија, што се однесува на Албанците. Генералниот секретар на Беса Авдуш Демири во изјава за ТВ21 вели дека не водат политики на условување, но бара сите страни да имаат разбирање дека ова прашање треба да се реши еднаш засекогаш.

Ние не ги разбираме политиките на условување. Ние ја разбираме политиката на постигнување одлуки со дијалог и ставови кои ќе бидат во интерес на граѓаните и таква е и нашата иницијатива дека оваа одлука не загрозува никого и бараме разбирање од нашите сограѓани Македонци бидејќи и тие се на тест со ова прашање дека овој потценувачки термин треба да се отстрани од Уставот на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.