Движењето Беса изрази сочувство до семејството и роднините на младата Вања и вели дека имаме неуспешна полиција поради која граѓаните се несигурни.

„Само што беше објавено дека 14-годишната Вања Ѓорчевска е пронајдена мртва. За трагедијата да биде уште поголема, пронајдено е и мртво тело на 74-годишен старец. Оваа катастрофа прерасна во трагедија и овој случај ја руши сета доверба на граѓаните во Министерството за внатрешни работи.

Бараме итна оставка, барем од морални причини, како од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, така и од заменик министерот, Назим Буши. Се додека овие две личности го водат МВР, криминалците стануваат што поблиску до криминалот, а граѓаните се несигурни“, се наведува во реакцијата на Беса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.