Наскоро ќе се воведе нов модел на тарифа на струјата, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 минути“ на ТВ21.

Министерот вели дека со новите тарифи помалку ќе плаќаат граѓаните кои помалку трошат на струја, а имаат помали приходи.

Ќе воведеме блок-тарифи со единствена цел да имаме тарифа која ќе биде еднаква за сите граѓани во зависност од потрошувачката на граѓаните, но и во зависност од приходите на граѓаните – рече Бектеши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.