Бектеши ја брани одлуката за спојување на рудници, пола влада вели дека била излажана. Имаа владина седница пред некој ден ни „а“ ни „б“ поврзано со концесијата и секој ден ги гледаме лажат ли лажат, подлабоко запаѓаат во мочуриштето, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со Стопанска комора на Македонија одговарајќи на новинарско прашање за рудникот Иловица.
Мицкоски потенцира дека тука се е јасно, односно дека владата брани приватен интерес на компанија која е блиска до ДУИ и оди против интересот на граѓаните од тој крај.
Јасна е тука целата ситуација, а тоа е дека се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион. Многу е јасна конјуктурата на проблемот и граѓаните знаат кој е тука вистинскиот проблем, кој е оној кој ги штити нивните права и интереси, а кој го штити правото и интересот на приватниот инвеститор кој е близок до оваа влада и е близок до ДУИ – рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.