Пеењето не е начин за комуникација и решавање на проблемите во политиката, тврди во интервјуто на Невзат Бејта за Вечер. прес.
Секогаш кога ќе испратите некоја порака до раководството во ДУИ, Ахмети ви одговара со пеење. Како ја сфаќате пораките што ви ги испраќа преку песна? Треба ли да биде толку безгрижен како што изгледа?
Таков примерок нема во ниту една политичка партија, ни во нашата држава, ни во Европска Унија. Ни еден политичар во Европа не праќа порака со песна, и немам што да кажам повеќе. Ако има нешто да ни каже, може да дебатираме во партиските органи, а не да пее. Тоа не е многу интересно ни за мене , ни за граѓаните, и затоа немам што да кажам. Ако тој на тие што мислат поинаку им одговара со песна, таа партија нема добра иднина – вели Бејта.
Извор: Вечер.прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.