Во групата незадоволни во ДУИ, сега се тројца пратеници. За да ги исклучат од партија треба да се дебатира во партијата, ако мнозинството членови на централното претседателство одлучи – нека не исклучат, ние ќе продолжиме и ќе се ангажираме со нашите активности во политиката, вели во интервјуто за Вечер, Невзат Бејта, одговарајќи на прашањето што ако Ахмети одлучи да ги исклучи од партијата и дали е во опција  формирање нова партија за наредните избори.

Ние сме основачи на партијата и бараме дебата, па после тоа нека следи одлука дали треба да си одиме. Не размислуваме за нова партија, ние ја сакаме целосната партија – ДУИ, но за тоа не можеме сами да одлучуваме, треба да разговараме со сите и да видиме кои се задоволни, а кои се незадоволни. Но вака како што е, незадоволството е големо, само тој што му е симпатичен на Артан Груби – може да биде кандидат за пратеник, за претседател на огранокот на партијата или кандидат за централно претседателство – вели Бејта, додавајќи дека и  да се формира Европски фронт, нема да има повеќе од 61 пратеник

Извор: Вечер.прес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.