На партиски собир, првиот човек на огранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, кој е и дел од групата незадоволни, рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт.

Секретарот за родова рамноправност на ДУИ, Саранда Имери Стафаи рече дека од почетокот на средбите пред два месеци, бројот на граѓаните на собири само расте, а од Артан Груби се уште нема отчет за недостигот на инвестиции во Полог и Сарај. Стафаи рече дека во моментов на земјава и треба македонската опозиција да гласа за уставните измени, а не да влегуваат нови партии во владата за да го спасат Артан Груби.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири.

И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да го турка ДУИ во погрешен правец. Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ- силна и обединета, по штетите што ѝ ги направи Артан Груби, кажа Џафери, кој му најави на Груби да се откаже, бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.

Членот на Претседателството Невзат Бејта рече дека не ја делат ДУИ, туку напротив ја обединуваат, затоа што таа е на секој гласач и на секој граѓанин и додаде дека ДУИ била обединета до пред 3 години.

Кога дојде Груби, започна поделбата, рече Бејта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.