Нема потреба Алијансата за Албанците да биде дел од Владата, потенцира во интервју за „Макфакс“, Блерим Беџети, актуелниот градоначалник на Сарај и еден од незадоволните членови на ДУИ од групата на Изет Меџити,
Сметам дека ниту на ДУИ ниту на СДСМ, а ни на целото владејачко мнозинство не му е потребен дополнителeн партнер, конкретно Алијансата за Албанците да биде дел од власта. Во претходниот мандат беа со ДУИ и СДСМ, па излегоа од Владата, па сега повторно сакаат да се вратат. Тоа не е како да правиме туризам, вели Беџети за сѐ позачестените најави за можнен влез на уште една албанска партија во власта.
Тој смета дека партијата на Таравари треба да ја преземе обврската на опозиција.
Треба да постои политичка цел. Друг беше моментот кога кон владејачкото мнозинство се приклучи и Алтернативата. Сега не го гледам тој политички момент. Не ја гледам политичката цел, зошто Алијансата за Албанците би била дел од власта и тоа не е добро ниту за нив ниту за владејачкото мнозинство, прецизира тој.
На прашањето дали постои раскол во ДУИ, Беџети одговара: „Не знам за раскол. Ако за раскол го сметате фактот дека се размислува поинаку, секогаш било така. Но, затоа што се бара отчет од министрите, тоа не го гледам како раскол“.
Не го негира писмото од незадоволните, но додава дека се дебатира внатре во партијата.
Значи, имало незадоволство и кон Артан Груби, се разбира, бидејќи тој е потпретседател на Владата и не можеш да бидеш задоволен од нештата ако има застој на проекти, дециден е Беџети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.