Барлет Џафери е избран за обвинител во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Изборот на синот на собранискиот спикер, Талат Џафер, беше официјализиран денеска на седница на Советот на јавни обвинители, и покрај наодот на ДКСК дека младиот Џафери положил правосуден испит пред да дипломира.

Нови обвинители добија и Основните јавни обвинителства во Дебар и Велес, во Битола беа избрани двајца обвинители, за в.д. обвинителката Татјана Кацарова и официјално стана шефица на штипското Јавно обвинителство.

На седницата, која е во тек, се очекува и одлуката за избор на обвинители во Основното јавно обвинителство во Кичево, каде еден од кандидатите е сопругата на шефот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Абази.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.