Балистите го вејат двоглавиот орел на Попова Шапка – со овој наслов Тетова сот објави видео на кое се гледа како непознати лица го симнуваат македонскот знаме и поставуваат албанско знаме на јарболите веднаш до 15 метарскиот крст на Шапка.
Под видеото се наредија низа коментари со охрабрувачки тон за потегот на балистите.
Ние сме сопствена земја. Кои политичари го прават тоа за нас. Смите тетовци ја преземаме контролата. Браво – гласи еден од коментарите.
За поставениот 15 метарски крст на имотот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка неодамна реагираа политички партии и Општина Тетово. Советничката група на ДУИ побара првиот човек на општината да на седница да даде образложение како е поставен тој крст таму,.
Од црковниот одбор при манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка информираа дека крстот е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.
Крстот не е поставен на државен имот. Крстот е поставен на црковно земјиште, како верско обележје и претставува урбана опрема, рече Богосав Божиновски, член на црковниот одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.